Полека се финализира програмата за годинешното издание на музичкиот фестивал True Sound of Kamenica. Потврдени се настапите на Dub/Reggae/Crossover бендот Conquering Lion, на италијанскиот диџеј Alex Kenji, македонската рап сензација Зад Аголот, рок бендот Паркети. На дводневното фестивалско издание ќе настапат и диџеите Samoil Radinski, Flooder и Andrej Micajkov, а локална поддршка се 4и21 и Јама46.
True Sound of Kamenica започна со промотивниот концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд кој се оддржа на 30-ти јуни, а фестивалот ќе се оддржи на 18-ти и 19-ти август. Продукциски T.S.O.K ќе биде реализиран на највисоко ниво, во подготовка е специјална релакс зона, а најдоцна до 4-ти август ќе бидат пуштени во продажба и влезниците. Промотивната цена на дводневната фестивалска влезница ќе биде 200 денари, а по распродажбата на првиот пакет од 300 влезници цената на дводневната влезница ќе биде 300 денари. Еднодневните влезници ќе бидат пуштени во продажба на 11-ти август и нивната цена ќе биде 150 денари.
Влезниците ќе се продаваат единствено во паб Cliff of Moher – Македонска Каменица.
Генерален покровител на фестивалот е Рудник САСА Македонска Каменица, главен медиумски покровител е kamenica.mk, а спонзори се Martin Steel, Palmas 2016 и Дрилко ДОО.
Организатор на True Sound Of Kamenica е Асгард 2015 ДООЕЛ од Македонска Каменица.

