Гранка од бука “го зави“ во црно семејството на 50-годишниот Драган од Берово. Падната од неколку метри височина, таа завршила директно врз дрвосечачот, нанесувајќи му сериозни телесни повреди, од кои подоцна тој починал на пат кон најблиската лекарска ординација.

Несреќата се случила денес попладне во атарот на селото Владимирово, каде Драган со уште неколкумина свои колеги, сечеле дрва. Оваа сеча за 50-годишниот беровец беше последна.
Сите напори на колегите да го вратат во живот оистанале без успешни, а екипата на Брзата помош, со која се сретнале на половина пат до градот, само ја констатирала смртта.

Во тек е истрага за настанот кој првично с еводи како „несреќа при работа“.


