Трагедија во Кочани. Син го пронашол татка си удавен во каналот за наводнување, откако претходно го пријавил за исчезнат.
Потрагата по родителот, за 42-годишниот кочанец С.Ј. завршила вчера попладне.

Безживотното тело на 70-годишниот татко го нашол во каналот кај кочанското село Грдовци, во м.в. „Бавчи“. Во шок и неверување, но со надеж дека нешто може да се направи, синот повикал екипа на Итната медицинска помош, но за жал, тие само ја констатирале смртта.
На телото на старецот немало траги на насилство, па веројатно е дека кочанецот одлучил сам да си го одземе животот. По извршениот увид на лице место, телото на 70-годишниот Д.Ј. е предадено на семејството.

Ова, е втор случај на давење во каналот за наводнување оваа сезона. Претходно, вработени во Водостопанство „Брегалница“ пријавија мртво тело на 69-годишна жена кај селото Жиганци. Неколку недели претходно пак, тело на жена беше извадено и од водите на реката Брегалница.

