Автомобил удри дете во Македонска Каменица. Седумгодишен ученик вчера околу пладне, најверојатно на пат од училиште кон дома, беше удрен од возило Пежо и итно транспортиран во штипската Клиничка болница, со сомневање за полесни повреди на главата и телото.

За среќа, лекарскиот преглед не утврдил сериозни повреди, соопштија денес лекарите од Клиничката болница Штип. Според нивната информација детето е на Одделението за хирургија, тоа е контактибилно и од ударот од возилото се здобило со н
абиеници, но сепак е под лекарска опсервација и најверојатно по викендот ќе биде пуштено на домашно лекување.
Од СВР Штип потврдуваат дека вчера околу пладне на ул „Александар Македонски“ во М Каменица, патничко возило пежо управувано од 38-годишна жена удрило во седумгодишно дете. Но , повеќе детали за несреќата не соопштуваат, освен дека надлежните направиле увид. Според очевидци, детето се движело со татко му по тротоарот и во моментот кога се испуштило од раката на татко му, истрчало на улицата и било удрено од возилото.

Извор: СтарТВ Штип
Пишува: Даниела Такева

