Соопштение за упис на првоодделенци

Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
  • Novinarski Klub
  • 21 May, 2020
  • 0 Comments
  • 1 Sec Read

Соопштение за упис на првоодделенци

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три периоди.

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека уписот  е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Уписот ќе се врши од 01 до 30 јуни 2020 година со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.

Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација

  • извод од матична книга на родени за детето – ( фотокопија)
  • потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа – ( фотокопија од вакцинален картон или здравствена книшка)
  • потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите задолжително закажуваат прием на следниот телефонски број до крај на Мај.

Злата Анчевска –  Психолог
078/ 248 – 628

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

KUZMAN