Изгоре полуслеп старец заедно со својата куќа во пехчевското село Умлена. Пожарот кој избувнал синоќа околу 21 часот ја пеплосал целата куќа, но бил фатален за 82-годишниот А.Г. кој живеел сам во неа. Неговото тело веќе јагленосано, едвај успеал да го извлече од пламените јазици, неговиот внук.
- Според дојавата ни беше кажано дека постои опасност за роширување и на друг објект. Побаравме помош и од Делчево. Пожарот беше во одмината фаза на објект на постара градба со доста дрвни материјали. Беше зафатен поголем дел од куќата. Околу 12 часот пожарот беше ставен под контрола, за несреќа загина Атанас, најверојатно прво се задушуил, изјави Димитар Букушовски, комнадир на ТППЕ Берово.
Пожаникарите дежураат се уште на сега пеплосаната куќа на стариот Атанас. Според информацијата од СВР Штип, по наредба на ЈО од Берово, телото на старецот е предадено на обдукција, додека причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
Но, оваа трагедија уште еднаш предупредува колкава е опасноста од неисчистените оџаци.
- Апелирам до граѓаните, грејната сезона е во подминат тек, да ги чистат оџаците за да се спречат несреќи, пожарот не бира време и може да предизвика големи материјални последици, кажа Букушовски.
Инаку, за 24 часа ова е втор пожар во Малешевијата. Вчера до темел изгоре и пиланата во Берово предизвикувајќи голема материјална штета на овој индустриски капацитет. Причините и за овој пожар, се уште се утврдуваат.
Извор: СтарТВ Штип

