Младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски ја претстави својата најнова музичка нумера „Рингишпил“ – емотивна поп балада која ја раскажува внатрешната борба со љубовта што заминала, но сè уште живее во мислите и спомените.
Песната носи длабока и искрена интерпретација, при што низ музика и текст се доловуваат чувствата на загуба, копнеж и немир кои остануваат по една недовршена љубовна приказна. Симболиката на насловот „Рингишпил“ асоцира на постојаното враќање на истите емоции и прашања, од кои тешко се излегува.
Музиката е на Јован Василевски, текстот го потпишува Ивана Карајан, додека аранжманот е дело на Гоце Симоноски.
Со оваа нумера, Дамјан Стоименовски се претставува во поинакво, позрело и поисповедно светло, пренесувајќи искрена емоција во песна со која многумина ќе можат да се пронајдат.






