
Утринава во 04:00 часот се случи семејна трагедија на улицата во Кочани.
На улица “9-ти Мај” пронајдени се две безживотни тела на маж и жена од кои едното во внатрешниот дел од куќата, додека другото било во дворот.
Според првичните претпоставки најверојатно се работи за убиство и самоубиство.

На лице место излезени се увидни екипи од Полициска станица – Кочани како и Јавен Обвинител.
Се утврдуваат причините за несреќата која ги потресе жителите на Кочани.

