
Вчера, околу 7 часот утрото, на улицата “ВМРО“ во Тобако центар во Кочани, дошол 41-годишниот С.Ф. од Кочани и од вработениот Д.П. (36) побарал да му даде цигари без да плати, но откако бил одбиен, го нападнал со нож и му нанел убодна рана во пределот на ногата.
Вработениот во контактибилна состојба од страна на полициски службеници бил пренесен во Општата болница Кочани каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Набргу напаѓачот С.Ф. е лишен од слобода и е донесен во Полицијата Кочани, а во консултација со ОЈО Кочани на сторителот ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело – “ убиство во обид“ по чл.123 вв чл.19.

