Најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица од денес има нов Генерален директор. На местото на досегашниот Neil Stevenson доаѓа Oleg Telnoi. Инаку новиот Генерален директор на каменичкиот рудник за олово и цинк досега ја вршеше истата функција во KOUNRAD COPPER COMPANY. Според податоците кои може да се најдат на интернет, Oleg Telnoi е дипломиран инженер, а во Central Asia Metals дошол во текот на 2007 година и веќе има повеќе од десет години искуство во финансиски менаџмент.
Очекувањата се дека назначувањето на новиот директор нема да донесе и драстични промени во работењето на Рудникот и дека партнерскиот однос со општина Македонска Каменица ќе продолжи и во иднина.
