
Македонска Каменица 19.05.2018 година – Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица согласно Законот за работа воведе неколку новини во своето работење, со цел зачувување на здравјето и зголемување на грижата врз децата, со што строго се забрануваат неколку досегашни пракси и начини од работењето на установата. Текстот со известувањето од устанувата ви го пренесуваме во целост:
ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица ги известува родителите на децата кои ја посетуваат установата дека согласно Законот за работа, воведува неколку нови правила и новини во своето работење, се со цел подобрување на условите во кои децата секојдневно престојуваат:
- Најстрого се забранува носење на напитоци за децата приготвени од дома. Децата за време на својот престој во установата добиваат во доволни количини се што им е потребно од храна и напитоци и истите се со проверен и загарантиран квалитет. Секое од дечињата за време на престојот во установата има на користење своја чаша и останат прибор, кои редовно хигиенски се третирани.
- Строго се забранува и се апелира до родителите, да не ги носат своите деца во установата доколку истите примаат медицинска терапија од лекар. Родителите ќе мораат по престанокот на медицинската терапија до установата да достават Потврда за здравјето на детето од матичен лекар или педијатар, за истото да може да продолжи со посетување на градинка. Оваа забрана согласно Законот за работа се применува со цел, зачувување на здравјето и зголемување на грижата врз децата и истата останува со трајна важност. За несовесните родители се предвидени пријави и казни кои ќе бидат изречени од инспекциските социјално-надзорни служби на терен.
ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица
