
Тројца жители на Истокот завршиле во болница како последница на сообраќајни незгоди, во три одделни случаи.
31-годишник од штипското село Чардаклија итно бил префрлен на скопските клиники, откако на крстосница во Скопје изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб. Двајцата негови сопатници од Скопје поминале со полесни повреди.

Негов врсник од Пехчево пак, со моторцикл „Хонда“ удрил во бетонска жардињера на булеварот „Гоце Делчев“ исто така во Скопје. Со возило на итна медицинска помош бил префрлен во болница, каде му била укажана лекарска помош.
Третата несреќа се случила во виничкото село Блатец, помеѓу трактор и мопед. Во незгодата настрадал 61-годишниот возач на тракторот и по укажаната помош во кочанската болница, бил префрлен на скопските клиники.
Полицијата работи на расчистување на причините за несреќите.

Извор: Тв Стар Штип
