Полицајци од Штип завршил на преглед во Штипската клиничка болница, откако бил нападнат за време на работа. Подговорен за нападот е 36-годишник од Штип со иницијали Б.Х.Ј. кого полицаецот го сопрел за рутинска сообраќајна контрола.
При контролата е констатирано дека возилото не е негово, туку украдено. Поради ова полициските службеници го исклучиле штипјанецот од сообраќај и се обиделе да го легитимираат.
Во обид да се спаси, штипјанецот жестоко се нафрлил врз нив, нанесувајќи им телесни повреди, констатирани и потврдени од страна на лекар.
Поради ова, од денес тој е со ве кривични пријави за „напад на службено лице за време на вршење службено дејство“ и „одземање на моторно возило“.
