Берба на цреши испрати 63-годишен виничанец во болница. Вчера имал одбид да ја обере црешата во сопствениот двор, но наместо тоа со тешки телесни повреди е сместен во Штипската болница.
Таму стигнал, откако во обид да дофати оддалачена гранка, изгубил рамнотежа и паднал од дрвените скали на кои бил качен.
Падот бил лош, па тој со скршеници и набиеници по целото тело, итно е пренесен и задржан на лекување во Штип. неговата состојба се оценува како сериозна.
Извор: СтарТв Штип
