Македонските емигранти со месеци биле експлоатирани од страна на меѓународна криминална организација која што оперирала во провинциајта Алба.
Стотина македонски граѓани се соочуваат со депортација од Италија откако италијанската полиција деновиве ја завршила операцијата за разбивање на македонска криминална група која што била специјализирана за обезбедување лажни документи за македонските работници. Македонските емигранти со месеци биле експлоатирани од страна на меѓународна криминална организација која што оперирала во провинциајта Алба.
Во операциајта учествувале стотина карабињери кои заедно со финансиската полиција, царина и управата за јавни приходи ги чешлала областите Москато и Бароло. Во завршниот дел од операцијата кој се случил на 19 јуни учествувал и хеликоптер на италијанската полиција.
Меѓу уапсените се четири лица државјанина Македонија на возраст меѓу 29 и 53 години, сите обвинети за организирање на илегалната имиграција и фалсификување на документи за лична идентификација.
Еден од уапсените, 53-годишен македонски државјанин со иницијали (С.П), кој веројатно е шефот на криминалната група, е обвинет и за присилување на проституција. На една осомничена за за истите кривични дела и давање помош на групата родена во 1971 година, и била изречена мерка на претпазливост и таа ќе мора да се јавува редовно во полициска станица. Вкупно од почетокот на истрагата, уапсени се триесетина луѓе кај кои се пронајдени лажни документи. Тринаесет од нив се уапсени само на 19 јуни, кога биле извршени 45 претреси во куќите во кои беа сместени македонските работници, експлоатирани од криминалната група.
Сите македонски работници биле ангажирани за работа на лозови насади во местата, Барбра, Бароло, Монфорте, Ла Мора.
Севкупно, биле фатени 171 македонски државјани со лажни документи, а се покажало дека речиси две третини од нив имале лажни лични карти, главно бугарски.
Македонските работнци кои имале фалсификувани документи за престој според италијанската полиција заработувале не повеќе од 300 евра месечно.
“На овој начин биле заобиколени правилата кои важат за мигрантите а кои го ограничуваат бројот на граѓани кои се од земја што не припаѓа на Европската заедница, како што е Македонија, може да дојдат да работат во Италија. За овие луѓе не постоеше проблем со дозволите за престој, тие можеа да добијат надоместоци за невработени и да аплицираат за пензии и здравствената заштита. Работниците добивале околу 300 евра еден месец, со што
можеле да живеат пристојно во Македонија, но повеќето од нивните надоместоци беа задржани од страна на сопствениците на криминалното здружение“, изјави Ѓакомо Конте командант на карабињери во Алба.
Според истрагата освен тоа што лажните документи биле користени за илегална работа тие биле користени и од криминалци кои што ги искористиле лажните документи за да избегнат контроли и да продолжат со криминални активности. Меѓу нив е и крадец кој бил фатен пред неколку години а кој бил во домашен притвор но избегал со помош лажните документи.
Во истрагата не се опфатени сопствениците на две винарските визби каде што работеле македонсктие работници затоа што тие ги плаќале платите и сите други давачки предвидени со националните договори за земјоделските работници на одговорните од здружениата кои ја координирале работата.
