Виница, 18.07.2018 година – Возач со автомобил се обидел да прегази полицајци кои го сопреле додека вршеле сообраќајна контрола, вчера во Виница.
Веднаш по инцидентот возачот избегал од местото, но полицијата го пронашла и го привела во станица. Станува збор за Г.А. (63) од Виница, против кого ќе биде поднесена кривична пријава.

Според истрагата, инцидентот се случил дента околу пладне на улицата Ангел Винички. Сообраќајната полиција вршела контрола во сообраќајот и го сопрела автомобилот „сузуки витара“ управуван од Г.А. Возачот сопрел и одбил да им даде документи. Потоа го стартувал возилото и продолжил да вози, а потоа се вратил назад и со голема брзина се упатил кон полицајците со намера да ги прегази.
Полицајците успеале да се спасат, а потоа го сопрле возилото по што возачот бил приведен во ПС Виница.

