
Риболовецот Ванчо Јовановски – Шајка од Македонска Каменица на социјалните мрежи се пофали со “улов” тежок 30 килограми. Сомот кој е изваден од водите на Калиманско езеро е долг 180 сантиметри и е еден од поголемите кој е изваден од водите на Калиманско езеро.

57 годишниот Ванчо Јовановски кој е жител на Каменица често знае да си ја проба среќата ловејки риба на езерото Калимаци. Ова е најголем негов улов а риболовот му е хоби кое знае да го релаксира од напорното секојдневие.
Инаку, езерото Калиманци изобилува со доста големи примероци на сом. Искусните риболовци знаат како да го намирисаат и затоа не ретко се случувало во минатото од Калиманци во неколку наврати да бидат извадени гигантски примероци на сом. Еве неколку фотографии кои го докажуваат тоа.


Извор: Делчево365.мк
