
Седум до единаесет дена е идеалното траење на еден годишен одмор.
Имено, научници од еден универзитет во Финска, пренесуваат дека наведената должина на одмор е адекватна за да се намали нивото на стрес од работата, кој го носите со себе кога тргнувате на пат.
Ако одите на одмор кој трае еден или два дена, во тој случај вие немате доволно време да се исклучите од работниот режим.
Ако одите на две недели или подолго, полека започнувате да се грижите дали работата и работните обврски се извршени додека вие сте отсутни.

За на вистински начин да се одморите и да не се случи одморот да ви стане здодевен, идеален период е недела и половина.
„Одморите претставуваат најдолг период од константно отсуство од работа и со самото тоа, тие се идеална прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето го подобрува општото здравје и дека тоа најмногу се чувствува после осмиот ден од одморот“, стои во заклучокот од истражувањето.
