
Инаку лекарите уште пред шест години добиваат плата колку што ќе сработат. Плаќањето по успешност за здравствените работници го воведе тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. Укажуваше дека во зависност од нивното залагање, може да добијат 20 отсто поголема плата или да бидат казнети со најмногу 20 отсто помала плата и дека тоа ќе биде доволен мотив за успешно здравство. Оние кои ќе бидат казнети со помала плата во тој месец нема да може да даваат услуги како дополнителна дејност. Моделот за плата по учинок жестоко го критикуваше лекарската фела, забележуваа дека за казните и наградите ќе одлучува човечки фактор, дел од нив протестираа, укажуваа дека плаќањето по учинок е неправено за нив.
