
На 14 и 15 декември во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет „Балканот пее и игра“.
Како што стои во официјалната покана за настанот на фестивалот ќе настапат:
-Балетска школа КРОАЗЕ – Република Бугарија
-Ансамбл ЕЗЕРЕЦ – Република Бугарија
-Хор Св.Климент Охридски – Македонија
-Пејачка група ЃУРЃА – Македонија
-ФГ Н.Ј.Вапцаров – Македонија
Интернационалниот фестивал на модерни танци и балет ќе се одржи на 14 и 15 декември со почеток во 13 часот во киносалата во Делчево.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Во продолжение се потсетуваме на фестивалот „Балканот пее и игра“ кој се одржа во 2015 година
