Магичното дрво во Њујорк, кое има над 40 различни овошки и изгледа прекрасно со сите бои на цветовите во пролет.
Една од предностите на ова хибридно дрво е тоа што овошките созреваат во различни годишни периоди.
Кога Сем Ван Акен во 2008 година го открил ова дрво во Њујорк, сплет на стебла од овошки стари и до 200 години, веднаш решил да го откупи за да ги спаси сортите, но и за да може да експериментира.
Со калемењето на постоечките стебла, овој американски уметник и научник успеал да создаде т.н. магично дрво кое раѓа и повеќе од 40 врсти овошки, како што се кајсии, сливи, мандарини, цреши, праски и бадеми.
Ван Акен досега произвел 16 магични стебла кои се претставени во њујоршките музеи.
Идејата на овој проект е да се поддржи културата на разликите и заштитата на сортите кои не се одгледуваат само за исхрана.
