Денес, во организација на ЦНВП (CNVP) со седиште во Холандија и Мрежа за рурален развој на Република Македонија, се одржа Форум за промоција на едукативни програми во ЕУ, Еразмус+, во рамки на програмата Младите во руралните средини за интерграција на Македонија во ЕУ. На Форумот за промоција на Еразмус+ програмите, за прв пат присуствуваа претставници, професори и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, професори од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и членови од Совет на Млади од Македонска Каменица. Присуството на Форумот за промоција на Еразмус+ програмата, младите, учениците и претставниците на институциите од Македонска Каменица ќе го искористат за првично запознавање со целите и можностите кои ги нуди оваа европска програма и начините за подготовка и аплицирање на истата во иднина.

Настанот кој се одржува во Мулти медијалниот сервис на Канал 77 во Штип има за цел да ги доближи програмите од ЕУ до младите во Македонија, начините и праксите на функционирање кои опфаќаат мобилност во образованието, науката и спортот, како и одговор на предизвикот за намалување на невработеноста, подобрување на условите кон отворениот пазар на труд и стагнација на процесите на иселување на младите.

Буџетот на Еразмус+ програмата 2014-2020 изнесува 14,7 милиони евра, ја користат сите земји членки на ЕУ и програмските земји корисници на програмата, меќу кои е и Република Македонија. По завршувањето на оваа пваа програма, од наредната година средствата за користење за партиципиенти од Република Македонија и членки на ЕУ, ќе бидат зголемени повеќекратнно. Затоа, токму учеството во Еразмус+ програмите покрај добивањето на ЕУ вредности и придобивки, интернационализацијата и глобаниот пазар на труд, е особено важно за доусовршување на знаењето во полето на иновативните практики и развој на истите според ЕУ стандарди.

