Најдобриот кошаркар на Македонија во 2018 година во изборот на МКФ, Бојан Трајковски е нов играч на Гостивар, објави генералниот менаџер на Гостивар, Бали Саити.

Трајковски после една година повторно се врати во Македонија, откако играше за унгарскиот Пакс Атомерому. Претходно настапуваше и во МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Куманово, Работнички, Лирија, Торус, Фени Индустри а играше и за Сигал Приштина и Чарни Слупск.
32-годишниот центар ќе биде уште едно репрезентативно име во амбициозниот тим. Претходно екипата се засили со Александар Костоски.
Извор: sportmedia.mk
