КК Баскет Кам денес, против КК МЗТ-Скопје го одигра последното 13.Коло од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија. Одличен натпревар и заслужена победа на домаќините до која како и во минатото коло дојдоа преку драматична завршница.
Неизвесноста на натпреварот до самиот крај беше најавена уште во првиот дел, кога благото водство на домаќините постојано беше достижно за гостите. Иако успеваа да се вратат резултатски, во ниеден момент не успеаа да го преземат водство.

На почетокот од вториот дел, гостите успеаа да искористат неколку последователни грешки на домќините. Стартуваа со 6:0, но брзото консолидирање на одбраната кај каменичани, повторно доведе до двоцифрена предност за нив. Се до пред самиот крај кога гостите, во текот на последните две минути успеаа целосно да ја стопат предноста на КК Баскет Кам и на 30 секунди до крај имаа „егал“ и топка во напад. МЗТ не успеаа да го реализираат последниот напад, при што во брзата транзиција на одбраната, во последната секунда брзоплето го фаулираа најдобриот поединец на натпреварот Александар Тодоровски, кој успеа да ги реализира двете слободни фрлања за конечни 77:75.
Најефикасен и маестрален на теренот од натпреварот беше Александар Тодоровски со високи 28 поени. Одличен натпревар одигра и Роберт Стојанов кој покрај 20 постигнати поени одигра одлично како во нападот, така и во одбраната.

Денеска пак, со почеток од 12:00 часот ЖКК Баскет Кам како дел од 12.Коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, го пречека ЖКК Гостивар. Оа беше уште еден дличен натпревар на каменичките девојки. Покажаа високо ниво на ефикасност во нападот, дисциплинираност и борбеност во одбраната, што придонесе за нивна рутинирана победа од 57:31. Во досегашниот тек од првенството ЖКК Баскет Кам имаат поволен резултатски биланс со 6 победи, 5 порази и едно редовно слободно коло во натпреварувањето.
Стефани Колева беше најефикасна со 23 поени, Моника Зафировска на денешниот натпревар постигна 18 поени. Одличен натпревар, особено во одбраната одигра Сандра Раневска.

