На 56-годишна возраст синоќа почина еден од најголемите ски скокачи во историјата на овој спорт, Финецот Мати Никенен.
Мати Никенен е четирикратен олимписки шампион, пет пати светски и има освоено уште четири трофеи во Светскиот куп. Финецот освоил буквално се што може да се освои во кариерата и важи за вистинска икона на овој спорт.
За разлика од спортската кариера, Мати Никинен имаше проблеми во приватниот живот. Водеше борба со алкохолот, два пати беше и зад решетки, еднаш затоа што избодел свој пријател, вториот пат поради напад врз својата девојка.
Банкротираше па ги продаваше златните медали за да преживее. Се обиде и како пејач, но музичката кариера не се покажа како успешна. Имаше три деца од три брака. Причината за неговата смрт се уште не е позната.
