Струмица, 06.02.2018 година – Екипата на ФК Каменица САСА веќе започнатите подготовки во пресрет на пролетниот дел од првенството од Втората фудбалска лига на Македонија, денес ги продолжи во Струмица каде против екипата на ФК Академија Пандев одигра пријателски натпревар.
Натпреварот заврши со конечни 1:2 за гостите од Каменица, кои успеаа да го отворат резултатот уште во првиот дел од натпреварот со голот на Зоран Златковски, а победата дојде во вториот дел со голот на Виктор Марковски, постигнат неколку минути по израмнувањето од страна на борбените домаќини.

Мора да напоменеме дека еден од подобрите поединци на натпреварот, во редовите на ФК Академија Пандев беше каменичанецот Божидар Јаневски, кој против своите поранешни соиграчи одигра еден навистина солиден натпревар.

Ова е значаен натпревар и за двете екипи особено за каменичани, бидејќи нивниот состав е видно изменет од есенскиот дел. Неколкуте нови засилувања треба да донесат свежина во играта и подобри резултатити во првенството, потребни за опстанок во лигата. Токму ваквите пријателски натпревари од контролен тип, се потребни за воигрување на екипата и проверка на спремноста на сите поединци на теренот, особено на новодојдените засилувања во редовите на Каменица САСА.
