https://www.facebook.com/1539479792771361/posts/3716805155038803/
Само едно коло траеше европската одисеја на македонскиот женски фудбалски првак Каменица Саса откако загуби попладнево во Софија од НСА во првото квалификациско коло во ЛШ со 3-1.
Бугарскиот шампион дојде во водство во 17 минута преку Пенкова, а избраничките на Зоран Златковски израмнија во 35 минута преку Димитровска.
НСА беше подобар противник на теренот и со два гола пред самиот крај на полувремето, преку Желева и Пенкова. го реши победникот
Во самиот финиш на натпреварот Каменица Саса остана со играч помалку по исклучувањето на Талевска.
