Денеска, на 25 – ти февруари во подготвителната недела пред Велигденскиот пост, посветена на митарот и фарисејот, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во храмот ,, Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

– На Литургијата, епископот г. Марко одржа содржајна беседа за денешниот настан од Светото Евангелие, но и за тоа како да се подготвиме за достојно, да го дочекаме големиот христијански празник Велигден, – изјавија од делчевско – каменичката епархија
По Богослужбата, верниот народ ги прими Светите Божествените дарови.

