Новогодишна акција на “Го – Пласт Караман” за радост на дечињата и поддршка кон заедницата

Компанијата “Го – Пласт Караман” спроведе новогодишна акција за поддршка на заедницата во Македонска Каменица. Во рамки на акцијата, беа поделени новогодишни пакетчиња за сите дечиња во градинката „Бамби“ и за штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Дополнително, повеќе социјално ранливи семејства добија пакети со прехранбени производи.

Во спроведувањето на акцијата беа вклучени сите вработени во “Го – Пласт Караман”, кои преку оваа хумана иницијатива внесоа радост кај дечињата и топлина во многу домови.
Компанијата на сите им посакува среќна Нова 2025 година и радосни Божиќни празници!


