Баскет Кам во нова битка за злато на Купот на Македонија 2025
Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица започнува нова битка за уште еден златен трофеј на завршницата од Купот на Македонија 2025 – „Благоја Георгиевски Буштур“. Турнирот ќе се одржи на 14 и 15 февруари 2025 година во спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија.
Полуфинални пресметки
Во борбата за големото финале ќе се одиграат два возбудливи полуфинални натпревари:
14.02.2025 | 13:00
КК Крива Паланка – ЖКК Вардар
14.02.2025 | 15:30
ЖКК Баскет Кам – ЖКК Бадел 1862

Победниците од полуфиналните дуели ќе се соочат во финалето, кое е закажано за 15.02.2025 во 17:00 часот.
Баскет Кам – симбол на женската кошарка во Македонија
Баскет Кам од Македонска Каменица е клуб со најимпресивен успех во македонската женска кошаркарска историја. Во своето петгодишно постоење, тимот пет пати стигна до финалето на Купот, при што освои три златни и два сребрени медали.
Натпреварите од Купот на Македонија 2025, вклучувајќи ги и настапите на Баскет Кам, ќе бидат пренесувани во живо на МТВ3.
Со успесите на Баскет Кам, нашиот град Македонска Каменица останува центар на македонската женска кошарка!

