Акција за чистење на мини депонии долж реката Осојница
По пријава од жители на село Јакимово, Општина Виница денеска започна со чистење на мини депонии по течението на реката Осојница, создадени од несовесно одлагање на отпад. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе се чистат и останатите речни корита и одводни канали низ целата општина.
„Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина и да го вратиме природниот изглед на реките. Апелирам до граѓаните да пријавуваат секое несовесно одлагање на отпад, бидејќи за прекршителите ќе следуваат строги казни согласно закон“, изјави градоначалникот Митко Костадиновски.
Целата содржина ОВДЕ


