Со голема болка и човечка немоќ ја примивме веста за страшната трагедија што ја погоди нашата Македонска Каменица – ненадејното упокојување на Симона, заедно со нејзиното неродено чедо.
Во овие тешки и неми часови, кога зборовите се сиромашни, а срцето скршено, Каменичката парохија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и сите блиски, споделувајќи ја нивната болка и тага.
Се молиме Милостивиот Господ да ги прими нивните души во вечниот мир, таму каде што нема болка, тага и воздишки, туку живот бесконечен. Да им подари место на светлина, место на покој и место на љубов во Своето Небесно Царство.
За семејството, кое остана со рана што зборовите не можат да ја излечат, се молиме Господ да им даде сила, утеха и трпение, да ги прегрне со Својата тивка, но моќна утеха, и да им биде потпора во секој тежок миг што следува.
„Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат.“ (Мт. 5,4)
Вечен и блажен спомен на упокоената.
Господ да ги упокои во Својата љубов, а живите да ги укрепи.

