МВР спроведе превентивни активности во Кочани и Берово за безбеден сообраќај
Денеска (31.12.2025), полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност на тема ,,Вози одговорно, секој живот е важен”. Во пресрет на новогодишната ноќ и новогодишните празници на возачите на моторни возила им беше укажано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколу консумираат алкохол да не управуваат возила бидејќи алкохолот влијае на способноста за управување со моторно возило, а исто така си го загрозуваат сопствениот и животот и на другите учесници во сообраќајот.
На 31.12.2025 во Берово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово реализираа превентивна кампања „Провери – вози безбедно!“. Целта на кампањата е подигнување на свеста кај возачите за значењето од управување на технички исправно возило, навремено откривање на техничките неисправности и намалување на сообраќајните незгоди кои се последица на технички дефекти. Притоа, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина.


