Од рано утринава ја следиме состојбата на терен поради зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, при што активно интервенираме каде што е потребно.
Во таа насока, уште во раните утрински часови ги известивме надлежните служби на ЕВН за состојбата со електричните кабли кај мостот во близина на Градскиот пазар, со цел навремено и безбедно постапување.
Општинските и надлежните служби се постојано на терен, каде што се врши расчистување на локалните и земјените патишта од паднати дрва, свлечена земја, одрони и камења, како и санација на оштетувањата настанати од обилните дождови, со цел да се овозможи безбедно и непречено движење на граѓаните.
Состојбата се следи континуирано, а сите институции се во целосна координација и подготвеност за навремена реакција.
Апелираме до граѓаните на Македонска Каменица да бидат внимателни, да избегнуваат движење во ризични подрачја и да ги следат препораките на надлежните служби.
Ќе продолжиме редовно да ја информираме јавноста за сите нови случувања.
Во прилог кон текстот нема наведени локации или приложени фотографии од наведените активности на терен, освен видео снимено на градскиот кеј на Каменичка Река. Во очекување на дополнителни информации до граѓаните од Општина Македонска Каменица, можете да го погледнете објавеното видео ОВДЕ .

