Општина Виница со известување за рокот за легализација на бесправно изградени објекти
Општина Виница ги информира граѓаните дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 3 март 2026 година, што претставува последна можност за комплетирање на постапките за легализација кои се во прекин.
Од Општината апелираат сите граѓани кои имаат поднесено барање, а чии предмети не се целосно завршени, навремено да се обратат во Секторот за нормативно-правни, општи работи и јавни дејности, со цел да се информираат за статусот и да ја достават потребната дополнителна документација.
Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби. За дополнителни информации, како контакт лица се наведени Виолета Михајлова и Гоце Алексов.

