Започнавме со втората фаза-превенција и поставување налепници на оставени хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини што се наоѓаат на јавни површини, како дел од акцијата „Чиста Општина Виница 2026 година“.
Претходно во период од 01.12.2025 до 31.12.2025 година извршивме детектирање и откривање локации во Општина Виница каде се оставени ваков вид на возила, фаза од акцијата, која успешно беше спроведена и повеќето од возилата кои беа детектирани беа отстранети од страна на нивните сопственици.
Доколку и во дадениот рок лицата не ги отстранат возилата следува третата фаза од акцијата–репресивни мерки и изрекување казни од страна на Општина Виница и МВР – ПС Виница, оваа фаза ќе започне од 01.02.2026 година и ќе се спроведува континуирано.
Апелираме уште еднаш до сите граѓани кои имаат оставено хаварисани, искористени или напуштени моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини на јавни површини, навремено да ги отстранат и со тоа да дадат свој придонес за чист град и здрава животна средина, воедно и повик до граѓаните да пријавуваат до инспекциските служби на Општина Виница доколку забележат ваков вид возила оставени на јавните површини.
Извор: Општина Виница

