„Во Македонска Каменица постојат само 4 лифта, по два во секоја 10-катница. Не знаете каква радост беше кога ќе се качиш во лифтот. Стравот беше голем, ама желбата да докажеш дека си храбар – посилна од сè. Лифтовите беа тест за храброст – со тој што се возел нема закачање, а тој што не влегол е плачко“, вели водителката Снеже Велков во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.
Водителката Снеже Велков, која е родена во Македонска Каменица, уште од средношколските денови живее во Скопје.
Таа неколкупати годишно го посетува својот роден град и секогаш му се враќа со голема радост.
Таму, вели, ја пречекува борчето – дрво што го гледа прво кога ќе дојде дома, а последно кога си оди и кое секогаш ѝ ги носи најсреќните и најтажните чувства.
Таа за CRNOBELO.com раскажа и кои се 5-те најубави нешта кои ја врзуваат за Македонска Каменица и го прават градот посебен во нејзините очи:
„Петте нешта што ја прават Македонска Каменица посебна за мене ми се врежани во глава од детството, па денес кога ќе поминам покрај нив ми будат емоции и насмевка на лицето.

Прво е борчето – дрво бор кој не знам колку години има, ама отсекогаш стои тука на влезот, однсоно излезот на градот. Тоа е најсреќното, но и најтажното место за многу деца.
Оттука тргнуваат на школување децата кога заминуваат вo средно или факултет, а тоа значи збогување од дома.
И бидејќи борчето е последното нешто што го гледаш пред да заминеш во големиот град, тогаш е најтажното, ама, пак, е и најсреќното затоа што кога ќе го здогледаш борчето на враќање – знаеш дека си дома.

Второ е Кошовето или кошаркарското игралиште кое некако беше собиралиште, некаков центар на случувањата за каменичани.
Едни играа други гледаа, некои тука договараа и љубовни средби.

Следно е помошното игралиште, нешто слично како и кошаркарското игралиште, ама малку поскришно и малку повеќе за љубовни средби, отколку за играње.
Продожува на ЦрноБело

