Знаете ли од кај иде оваа длабока сиромаштија, без перспектива, јад и очај?
Сето тоа е личен револт, од реакцијата, од нервозите и фрустрациите кои ни ги наметнуваат и кои имаат за цел како индивидуи да не поништат, како таксена марка кога ја прешкртаат.
Бесот е оправдан, длабоко вкоренет во срцето на праведниот ум.
Како луѓето да издржат кога гледаат кој се врши јавна функција? Како да останат мирни кога се неми пред општински, регионални и државни функционери кои стомаците си ги полнат и празнат кога посакаат, како товени свињи? Како да направат разлика помеѓу полицаец и криминалец, цариник и шверцер, професор и рекетар? Во кој правец да се движи обичниот човек кога сите поплочени патеки ги гази пресоблечен шљам а ним им остануваат само библиските стази на спасот? Како да се бори за образование на своето дете, кога севкупноста во бизнис- политичкиот аранжман е буквално со мермер омеѓена и во тој простор царуваат фамилии и нивната клика од конкубини, измеќари и паравојски.
Во кој правец да го кажеш првото и најрано добро утро, кога од другата страна добиваш презир и темни наочари?
Може ли воопшто да седне девојче со потенцијален дечко а при тоа тој да не ја сруши со мизерните потфати на неговиот татко во фирмата кај што и штековите ги извадил, а за мајка му уста не отвара оти седи на сепарето до нив со партнерот на неговиот татко.
Како обичен човек да не биде жив изеден кога гледа дека телевизиите ги газат хорор карактери, манијаци од политичари и канибали од новинари чија морална вертикала го досега анусот на порно актерка после снимени 26 последователни сцени, од кои ја дислоцираат во пелени, повиена.
Вести и дневници како промоција на полуретардирани функционери и бизнис форуми за промоција на облаци и благ поветарец во кои слушателите гледаат како им се откинува и последното парче леб кое утре некаде ги чека.
Спорт во кој се слави 11 место со самоубиствен национализам и музика во која во 4 реченица обавезно ги има термините пушење и метак.
За филм не коментирам, тука сме главни улоги сите до еден.
90% натуршчици како во циганските околу кои летаат мисирки и накитени функционери на малолетна свадба.
И во таков повеќедецениски амбиент да решаваш име и презиме, мислиш на просперитет и на правда.
Курац мој, ништо од тоа.
Судската палата треба да се вика ОЧАЈ. Внатре групен портрет од до јајца корумпирани судии облечени како англиска инквизиција и некоја инфлуенсерка во танга. А во апсидалниот дел лик на работник како канонизиран, беатифициран маченик со болен поглед како ги милува жртвите на олтарот и им чита псалм пред спасение.
Сето тоа во фреска..
Со се таа вагичката која маркетиншки не збунува а им е извезена на тогата.Селските кантари своевремно за неа беа „Sony“..
Сите извршители во државата од еднаш треба да ни ги блокираат не матичните броеви, туку матичните ќелии и во секунда да ни земат се.
Како доказ за древна антицивилизација!
Линк: https://www.facebook.com/share/p/1NDRZkMHLG/


