Трајанка Соколовска добитничка на паричката на пензионерската василичарска прослава
Во пријатна и празнична атмосфера во Македонска Каменица се одржа пензионерска прослава по повод Стара Нова Година – Василица.

Централен момент на настанот, би рекле, беше традиционалното кршење на василичарското лепче со паричка, при што среќата ѝ се насмевна на Трајанка Соколовска, кај која се падна паричката.
Како дел од василичарските обичаи, на добитничката од страна на Општина Македонска Каменица ѝ беше доделен златник, како симбол на среќа, почит и продолжување на вековната традиција. Наградата во име на општината, на Трајанка Соколовска и ја врачи градоначалничката, Соња Стаменкова.
Настанот помина во духот на традицијата, со радост и празнична топлина, со желби за здравје и благосостојба во текот на целата година.

