Грозданов и Орце Симов на работна средба за дигитална трансформација и сајбер-безбедност во Кочани
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов. На средбата беа разгледани можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и реализирани и идни донации за Општина Кочани.
Фокусот беше ставен на дигитализацијата на административните процеси, подобрувањето на електронските услуги за граѓаните и зголемувањето на безбедноста на информациските системи, со цел поефикасна, потранспарентна и посигурна локална самоуправа.
На средбата беше истакната важноста од институционалната соработка со Агенцијата за електронски комуникации како клучен партнер во процесите на дигитален развој, при што беше нагласено дека континуираната соработка е од суштинско значење за успешно справување со предизвиците во областа на дигитализацијата и сајбер-безбедноста на локално ниво.

