Општина Виница ја зголемува финансиската поддршка за првачињата, учениците и новороденчињата
Општина Виница денес исплати финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче. Од наредната година, оваа поддршка ќе се зголеми на 5.000 денари за секое прваче.
Дополнително, се најавува зголемување на финансиската поддршка за учениците кои освојуваат први, втори и трети места на државни натпревари, во износ од 3.000 до 5.000 денари, зависно од освоеното место.
За првпат оваа година во Општина Виница е воведена и финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче. За оваа мерка е донесен посебен правилник и веќе е ставена во употреба, а граѓаните ја користат.
Зголемувањето на средствата за овие мерки и воведувањето на нови е овозможено преку намалување на трошоците за репрезентација на нула денари, намалување на трошоците за службени телефони и за гориво на службените возила.

