Методи Стаменов добитник на паричката на Василица во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 14. Јануари 2026 – По повод празникот Василица, вчера на градскиот плоштад во Македонска Каменица беше одбележан традиционалниот обичај на делење на лепче со паричка. Годинава паричката му се падна на Методи Стаменов.
Неговата сопруга, Цвета Стаменова, по тој повод на фејсбук напиша: „По повод празникот Василица во Општина Македонска Каменица беше одбележан традиционалниот обичај со паричка. Оваа година паричката му се падна на мојот домаќин Методи. Нека му донесе здравје, среќа и бериќет. Здрави и живи сите, за многу години празникот.“ – додава Стаменова на крајот од текстот
Вечерниот настан помина во духот на празничната традиција и заедничкото одбележување на Василица.

