Почитувани сограѓани,
По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден.
Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница.
Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба.
Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!
Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:
1.Бојан Колишев- Виница
2.Наум Крстов-Истибања
3.Даниеле Јанчев-Драгобраште
4.Наум Тренчовски-Блатец
5.Андреј Стаменков-Јакимово
6.Христијан Гоцевски-Лески
7.Мартин Велинов-Трсино
8.Валентино Китанов-Пекљани
9.Лука Цеков-Градец
10.Иван Арсов-Липец
Бог се јави!
Навистина се јави!

