Едукативно креативна работилница за деца во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево
Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Делчево, организира едукативна и креативна работилница наменета за деца постари од 7 години.
Преку разновидни активности, разговор и игра, децата ќе имаат можност да се запознаат со основните принципи на хуманоста и солидарноста, како и со значењето на меѓусебната помош, при што ќе ги развиваат своите креативни и социјални вештини.
Работилницата ќе се одржи на 27 јануари 2026 година со почеток во 17:00 часот, во читалната на библиотеката. Од организаторите информираат дека бројот на учесници е ограничен и ги повикуваат заинтересираните навремено да се пријават.
Настанот претставува можност за корисно и поучно дружење на децата во пријатна и едукативна средина.

