Интензивно чистење на снегот во Општина Виница – екипите на ЈП „Солидарност“ на терен
Екипите на Јавното претпријатие „Солидарност“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците во Виница, како и од патните правци кои ги поврзуваат селата со градот.
Како што информираат од претпријатието, досега се исчистени патните правци Осојница–Липец, Липец–Блатец, Блатец–Скараница и Виница–Градец. Во моментов механизацијата интервенира во повисоките делови на градот, каде што снежната покривка е пообилна.
Во попладневните часови е планирано продолжување на активностите кон селата Лаки, Пекљани, Драгобраште, Крушево, Трсино, Трстија, Грљани, Калиманци и Црн Камен, со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на целата територија на Општина Виница.с

