ЈП „Камена Река“ работи на расчистување на локланите патишта во руралните средини во Македонска Каменица
Екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ се на терен и активно работат на расчистување и оспособување за нормални услови за сообраќај на патиштата во руралните средини од Македонска Каменица.
Како што информираат од претпријатието, на критичните делници се врши фрлање сол и песок, со цел спречување на замрзнување и подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Активностите ќе продолжат и во наредниот период, во зависност од временските услови и состојбата на терен, со цел обезбедување непречено и побезбедно движење за граѓаните.


