Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ упати јавен повик до пчеларите за членување и поддршка
Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица упати јавен повик до сите активни пчелари и заинтересирани граѓани од општината и околните населени места за зачленување и поддршка на неговото работење.
Од здружението информираат дека годишната членарина изнесува 600 денари, а уплатата треба да се изврши на трансакциската сметка 300320000029217, со краен рок до 15 февруари 2026 година.
Со зачленувањето и финансиската поддршка, членовите и поддржувачите придонесуваат кон унапредување на пчеларството, заштита на животната средина и реализација на програмските активности на Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица.

