Дигитализација во работењето на Советот на Општина Делчево
Денес беше спроведена обука на советниците на Советот на Општина Делчево за користење на новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што успешно се заокружи подготвителната фаза за нејзина примена.
Веќе од петок, платформата ќе биде ставена во целосна функција и ќе се применува во практичната работа на Советот. Секој граѓанин ќе може да се најави како гостин и да има увид во материјалите, одлуките и работата на Советот – целосно дигитално.
Со ова се започнува уште едно предизборно ветување, преку кое граѓаните добиваат поголема транспарентност, отвореност и директен пристап до информациите од локалната самоуправа.
Дополнително, дигитализацијата овозможува поголема отчетност на советниците, заштеда на време и ресурси, како и значително намалување на користењето хартија.
Ова претставува важен чекор кон модерно, ефикасно и одговорно локално управување, во служба на граѓаните на Општина Делчево.

