„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар по втор пат го победи шампионот
„Вардарки“ беа подобри од Баскет кам и на гостински терен во Македонска Каменица (53:43)

Кошаркарките на Вардар се вратија во трката за првото место во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако вечерва на гостински терен, по втор пат во оваа сезона, беа подобри од актуелниот шампион, Баскет Кам…
Како пресудна, се покажа третата четвртина, одлична за „вардарки“ на гостувањето во Македонска Каменица.
По нерешениот резуллтат на полувремето (22:22), екипата на Вардар направи големи (17-5) во третиот период, со најголема заслуга на Тасевска, која по еден поен во првиот дел, одигра одлично во нападот во второто. И што е поважно, беше иницијатор на таа победничка серија на гостинската екипа.
По три одиграни четвртини екипата од Скопје се одвои на високи (39:27), кои успеа да ги сочува во последните десет минути и да го победи Баскет кам.
Тасевска застана на 16. поени (плус шест скока), доби одлична помош од М.Николиќ, која додаде 11. поени, но имаше и 16.скока.
Во домашната екипа која го запиша вториот пораз во 12.одиграни кола, Димова имаше 13.поени (плус осум скока и три асистенции), Адамовска имаше 10.поени (и шест скока, три асистенции), додека Кметовска оствари двоен ефект од 10.поени и 17.скока (и четири асистенции).
Текст: Кошаркарска федерација на Македонија

