
Европската куќа на фудбалот УЕФА ги објави цените на влезниците за Суперкупот во Скопје меѓу освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Лицето *или лицата, доколку се аплицира за повеќе билети) кое ќе ги купи билетите мора да оди на мечот и истите не може да се префрлат на друго име по истекот на рокот за апликација. Доколку има промени во нарачката, тогаш лицето мора да најави промени на интернет-страницата на УЕФА најдоцна до 4 јули.
За да аплицирате за билет, мора да се регистрирате на интернет-страницата на УЕФА. Регистрацијата може да ја направите ОВДЕ. За да аплицирате за билети мора да имате најмалку 18 години.
